Барселона сигурно ќе се засилува во зимскиот преоден рок, а едно од можните засилувања е играчот на Лацио, Луис Алберто.
Луис Алберто оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Барселона испратила скаути да го гледаат на мечот меѓу Лацио и Торино, за лично да се уверат во квалитетите на шпанскиот интернационалец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алберто е дете на Севиља, кое во 2013 година се пресели во Ливерпул. На „Енфилд“ не доби шанса, а после позајмицата во Малага и Депортиво доаѓа на „Олимпико“ каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Шпанецот оваа сезона е еден од најважните фудбалери на Лацио, на 21 натпревар постигна 8 гола и подели 5 асистенција, а неодамна доби повик од шпанската репрезентација.