Дома Топ вести Барса конечно ја пронајде вистинската „формула“ за Нејмар

Барса конечно ја пронајде вистинската „формула“ за Нејмар

Раководството на Барселона е убедено дека може да се промени ставот на ПСЖ во однос на трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“, пренесува каталонски „Спорт“.

Каталонците имаат две причини да веруваат во овој трансфер. Првата е Килијан Мбапе  кој сака да биде прва ѕвезда во тимот, па поради тоа ПСЖ е спремен да го продаде Нејмар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Втората причина е Антоан Гризман, кого Барса е спремна да го понуди како дел од трансферот и Французинот да заврши во Париз.

Гризман минатото лето пристигна како големо засилување на „Камп Ноу“, а Барса за неговиот потпис на Атлетико му плати 120 милиони евра.

„Спорт“ тврди дека во Барселона ќе бидат задоволни ако добијат понуди од 100 милиони евра за него и се спремни да му го понудат на ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…