Дома Фудбал Останато Барса и Јувентус ремизираа во Далас, погодуваа Дембеле и Кин 🎥

Барса и Јувентус ремизираа во Далас, погодуваа Дембеле и Кин 🎥

Барселона и Јувентус одиграа 2:2 во пријателскиот натпревар во Далас на стадионот „Котон Боул“.

Каталонците на два пати имаа водство, погодуваше Дембеле во 34. и 40. минута, додека Јувентус два пати возвраќаше преку Моис Кин во 39. и 52. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот гол за Барселона дојде откако Дембеле продре по десната страна и го погоди за водство. Пет минути подоцна Моис Кин го искористи нафрлувањето на Квардадо од левата страна и ја затресе мрежата.

Барселона само една минута подоцна повторно преку Дембеле го врати водството и тоа со сличен гол како и претходниот. Кин во второто полувреме ги постави конечните 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …