Дома Топ вести Барса и Реал се вклучија во трката за Сане

Барса и Реал се вклучија во трката за Сане

Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука на лето да ја промени средината.

Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ добија драконска казна од европската куќа на фудбалот поради кршење на правилата од Финансискиот Фер плеј. Тоа ќе доведе и до значително кратење на парите за плати на играчите, па тоа само ќе го забрза трансферот.

Баерн Минхен важеше за фаворит за потписот на Сане и веќе долго време работи на трансферот, но сега доби жестока конкуренција.

Имено, шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се вклучија во трката за потписот на 23-годишниот Германец.

Сити за неговата слобода бара 100 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат, па се очекува голема битка за неговиот потпис на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…