Дома Топ вести Барса и ПСЖ извисија: Де Лихт на чекор од Јувентус

Барса и ПСЖ извисија: Де Лихт на чекор од Јувентус

Иднината на Матијас де Лихт се уште е главна тема, но по се изгледа сагата наскоро ќе заврши бидејќи Холанѓанецот донесе одлука за својата иднина.

Холандскиот весник „Де Телеграф“ пренесува дека Де Лихт донел конечна одлука и кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот шампион Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Де Лист долго време се поврзуваше со Барселона и ПСЖ, но на крајот ги одби нивните понуди и одлучи да се пресели во Торино, а голема улога во неговиот избор секако имаше неговиот менаџер Мино Раиола.

Јувентус за неговиот потпис ќе му плати 70 милиони евра на Ајакс, додека Де Лихт во Италија годишно ќе заработува помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Меѓутоа, „Скај Италија“ прецизираше дека тоа е плата со вклучени даноци, односно бруто годишна плата која ќе ја добива Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…