Дома Топ вести Барса има идеја: Позајмица за Осман Дембеле и тоа во – Мадрид!

Барса има идеја: Позајмица за Осман Дембеле и тоа во – Мадрид!

Осман Дембеле во редовите на Барселона како едно од најскапите засилувања во историјата на клубот, но во Каталонија барем засега не ги исполнува очекувањата.

„Мундо Депортиво“ во своето денешно издание пишува дека во Барселона се уште веруваат во способностите на Дембеле. Покрај тоа јасно е дека нема логика да се стави на трансфер листата после само една сезона, посебно не бидејќи е платен 105 милиони евра и 40 преку бонуси.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Поради таквата ситуација како една од идеите за можно решение се наведува позајмицата и тоа ни помалку, ни повеќе во Мадрид, но не во Реал туку во Атлетико.

Во Барса сметаат дека на Дембеле му е потребно усовршување на тактични план, а има ли подобро место за такво нешто од тимот кој го води Диего Симеоне?

Под негово водство се добива впечаток дека сите играчи стануваат подобри отколку што навистина се. Покрај тоа јасен е и принципот на работа, Симеоне сака дисциплинирани играчи и ноќните забави се сведени на минимум, а познато е дека Дембеле знаеше да ги налути во Барса поради ноќните излегувања.

Има и уште една причина поради која Барса сака да соработува со Атлетико, а тоа е – Антоан Гримзан, за кого многумина очекуваат тој на лето да се пресели на „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…