Пред Каталонците е тешка задача, да се убеди Атлетико Мадрид кој сигурно нема лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер.
Управата и фановите на Барселона веројатно веќе не сметаат на Нејмар, па шпанскиот гигант тргна во потрага по негова замена. Иако пред неколку дена веста дека Барса е заинтересирана за Антоан Гризман изгледаше како голема шпекулација од страна на „Марка“, денес и каталонскиот весник „Спорт“ ја потврдува оваа информација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но оваа „операција“ на Барселона воопшто нема да биде лесна, мора да се убеди Атлетико Мадрид кој има забрана за трансфери. „Јорганџиите“ уште на стартот на преодниот рок се откажаа од продавање на своите најголеми ѕвезди на тимот. Причината е едноставна, не би биле во можност да го надоместат нивното заминување.
Барселона покрај фантастичен фудбалер, веднаш би добила играч целосно адаптиран на сите услови во шпанската Примера. Каталонците ги чека тешка задача со оглед на тоа дека „Јорганџиите“ минатото лето во договорот на напаѓачот ставија клазула од 200 милиони евра, но се шпекулира дека би можеле да прифатат и двојно помала сума на пари.
Каталонците се свесни дека мораат да пронајдат замена за Нејмар, а тоа ги зголемува преговарчките сили на Атлетико, но Гризман не е единствено решение. Доколку преговорите пропаднат Барселона ќе се сврти кон други опции, а тие би биле, Анхел Ди Марија, Килијан Мбапе, Пауло Дибала…Но, Гризман сигурно не би бил истакант како приоритет доколку во Барселона не почуствувале дека можат да го доведат.