Хрватската репрезентација игра уште еден феноменален Мундијал.




На последниот во Русија во 2018 година стигнаа до финалето каде загубија од Французите, денеска играат полуфинале со Аргентина на Меси.




Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хрватските играчи по овој нов успех се и тоа како цените Ливаковиќ се поврзува со Баерн Минхен, додека најбогатите клубови во Европа го „бркаат“ Јошко Гвардиол.




И Барса го следи играчот на Лајпциг, но шпанските медиуми пишуваат дека Каталонците би можеле да се договорат и со Динамо Загреб. Имено, Барселона го сака 19-годишниот соиграч на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Мартин Батурина.




Офанзивниот играч за врска лани влезе во првиот тим на Загреб, годинава го гледавме рекордни минути и во Лигата на шампионите. Го краси неверојатна техника и одличен преглед на играта, веќе е проценет на околу 7 милиони евра, но „Сините“ веројатно нема да го пуштат за помалку од 12-15 милиони евра.