Дома Фудбал Барса го претстави Сетиен: Вчера се шетав со крави во моето село, денес сум тренер на најдобрите играчи

Барса го претстави Сетиен: Вчера се шетав со крави во моето село, денес сум тренер на најдобрите играчи

Барселона денес официјално го претстави новиот тренер, Кике Сетиен.

Сетиен на клупата на Барселона пристигнува на местото на Ернесто Валверде кој вчера доби отказ. Овој шпански стратег утрово го водеше и првиот тренинг на кој се запозна со играчите на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој 61 годишен тренер последниот ангажман го имаше минатото лето. Со Барселона денес потпиша договор до летото 2022 година после што беше официјално претставен.

„Ни во најлудите соништа не можев да замислам дека ќе бидам тука. Вчера шетав со крави во моето село, а денес ги тренирам најдобрите играчи во светот. Не ми требаа ниту пет минути за да донесам одлука. Никогаш не сум помислил дека Барселома може да размислувал дека сум интересен за Барселона. Ако го погледнете моето си-ви ќе видите дека сум ги тренирал Бетис, Лас Паламс и Луго, но овие екипи играа добар фудбал“, изјави Сетиен на претставувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал во Прага без Ѓокереш, Артета загрижен поради напаѓачот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази загриженост поради повредата на фудбалерот Викт…