Дома Трансфер зона Барса го заврши преодниот рок: Купи супер талентиран Уругваец за пет милиони евра

Барса го заврши преодниот рок: Купи супер талентиран Уругваец за пет милиони евра

Mладиот Уругваец пристигнува за пет милиони евра.

Барселона до крајот на неделата ќе ги заврши активностите на летниот трансфе пазар. Последната аквизиција на Каталонците ќе биде малку познатиот, но многу талентираниот Уругваец, Роналд Араухо!

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Момчето има само 19 години и е капитен на својата селекција за играчи до 20 години.

Со ваквиот потег Барселона стави точка на потрагата по десен стопер. Да потсетиме, шпанскиот гигант го „меркаше“ Леонардо Белерди од Бока Јуниорс, но бидејќи понудата од 5.5 милиони евра не беше доволна се откажаа од негов ангажман.

Секако, Араухо е инвестиција за во иднина. Младиот Уругваец ќе настапува за Барселона Б во третата лига. Тој доаѓа од клубот по име Бостон Ривер кој за него на една фудбалска школа пред само една година плати 395.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…