Фудбалерите на Барселона вчера во пријателски натпревар го победија Арсенал на „Камп Ноу“ со 2:1.
Каталонскиот клуб го одигра првиот натпревар пред своите навивачи, а неверојатно звучи податокот дека на „Камп Ноу“ присуствуваа скоро 100.000 гледачи иако се работеше за натпревар од Жоан Гампер купот кој има пријателски карактер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото полувреме за домашниот тим играше Рики Пуиг кој е производ на „Ла Масија“. Овој играч ги помина припремите со Барселона и одлучи да остане во тимот иако во клубот сакаа да го испратат на позајмица.
Пуиг одби и одлучи да остане и да се бори за својата минутажа во Барселона во средниот ред и ќе има навистина жестока конкуренција. Сепак, младиот фудбалер веќе покажува дека се работи за исклучително талентиран играч.
Со своите дриблинзи направи Микхтаријан и Вилок да изгледаат како аматери, но и многу потсети на Андрес Иниеста кој има слични движења.
? Mágico @RiquiPuig ?❤ pic.twitter.com/xun3ncBm6c
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 4, 2019