Каталонците тргнуваа во офанзива.
Барселона во јануарскиот проеден рок има намера да доведе неколку засилување, а мета пред се им се младите фудбалери.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прв на листата е 23 годишниот централен дефанзивец Јери Мина кој во овој момент настапува за бразилскиот Палмеирас, а за кого шпанските медиуми пишуваат дека постигнал договор со гигантот од Каталонија.
Но, тука не е крајот Барселона сака да доведе уште двајца млади фудбалери, а шпанските медиуми пишуваат дека наскоро се би можело да биде договорено. Спортскиот директор на Барселона, Роберто Фернандез отпатува во Абу Даби на Светското клупско првенство со цел да се договори со 21 годишниот фудбалер Артур Мело. Неговата цена би требало да изнесува околу 25 милиони евра.
Третото име е Умаро Ембало, 16 годишниот крилен напаѓач кој настапува за Бенфика. Ембало се смета за еден од најдобрите младите фудбалери во Европа, а цената веројатно би му изнесувала околу 20 милиони евра. За него интерес покажаа уште Манчестер Јунајтед и Лајциг кој на Бенфика и понуди 13 милиони евра, но Португалците овој износ го одбија.