Барселона и понатаму бара класичен напаѓач, а веќе некое време на мета на клубот е Лаутаро Мартинез.
Напаѓачот на Интер наводдно има голема желба освен во репрезентацијата да игра и во клубот заедно со Лионел Меси. Покрај тоа Меси јавно истакна симпатии кон играта на Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради сето ова Барселона веќе тргнала во акција за доведување на Лаутаро. Како што пренесува „Фудбал Италија“ и уште некои италијанси медиуми, Интер ја добил првата понуда од Барселона и таа гласи: 70 милиони евра и плус двајца играчи за Лаутаро. Двајцата играчи кои би биле вклучени во понудата се Артуро Видал и Нелсон Семедо.
На Видал веројатно му се допаѓа опцијата повторно да соработува со Антонио Конте, каков е ставот на Семедо засега е помалку познато. Според проценките вредноста на Видал е околу 20 милиони евра, а на Семедо околу 40, па така вкупната понуда за Лаутаро е околу 130 милиони евра.