Судбината за Барселона изгледаше многу црна кога Бразилецот го напушти клубот, а многумина ја критикуваа одлуката да се купи Дембеле за огромни пари, особено по првата сезона во која имаше проблем со адаптацијата, но и со повредите.
Младиот Французин во првата година во Каталонија одигра само 23 натпревари и постигна 4 гола во сите натпреварување. Минатото лето се споменуваше продажба, позајмица, а потоа се се промени. Имено, со повлекувањето на Кутињо во средниот ред, Дембеле го оформи триото со Меси и Суарез, а анализите од него и Нејмар по сезона покажуваат дека Французинот е повеќе од добра замена.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Кој се грижи за Нејмар, Дембеле е подобар“, заклучи каталонскит „Спорт“.
Имено, тиа ги анализираа бројките, Дембеле одигра 13 повеќе од Нејмар, постигна пет гола, повеќе од минатата сезона, еден повеќе од Бразилецот. Го освои Суперкупот на Шпанија, постигна погодок на секои 98 минути, но она што е монгу поважно е што е голема вистината, Дембеле постигнува гол кога е потребно.
Златните шест бода на Барса против Сосеидад и Виљадолид се токму дело на Дембеле, неговиот тим беше на искушение, кога го реши натпреварот. Понатаму најави фантастична сезона, сега тимот без него не може да се замисли и додека Нејмар делува несреќно во „Холивуд“, како што ги нарекуваат ПСЖ по поразот во Ливерпул кога секој изгледаше дека игра за себе, Дембеле блеска.
Но, Барса нема да застане, ќе доведе двајца од тројца играчи за врска, цели се Де Јонг, Погба и Рабио. На последниот му истекува договорот, за овој првиот е заинтересиран и ПСЖ, Барселона не сака да го плати повеќе од 50 милиони евра, а што се однесува на Погба, тој би бил големо засилување на местото на местото на Ракитиќ и голем маркетински потег, на што се надева и неговиот поранешен клуб Јувентус.
Кога сето ова ќе се собере може да се заклучи дека на Барса и оди одлично, води на табелата, а Дембеле е голем добитник во оваа сезона…