Дома Фудбал Останато Барса без Меси не е ист тим и тоа е повеќе од јасно, овој податок е доказ

Барса без Меси не е ист тим и тоа е повеќе од јасно, овој податок е доказ

Лионел Меси во натпреварот против Севиља заработи повреда на левата рака поради која ќе биде надвор од терените три недели.

Оваа повреда на Аргентинецот е голем удар за Барселона со оглед на тоа што доаѓа во период кога Каталонците ќе играат против Интер во Лигата на шампионите и Реал Мадрид во првенството.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


После овој податок ќе ви биде јасно дека Меси дефинитивно не е имун на повреди.

Во својата кариера во Барселона, Меси поради повреда пропуштил 80 натпревари, а на овие 80 наскоро ќе можеме да ги додадеме сигурно уште шест поради актуелната повреда.

Колку аргентинскиот репрезентативец значи за Барселона доволно зборува податокот дека Барселона од тие 80 славела само 48 натпревари, што за апетите на клуб каков што е Барселона е премалку. Ремизираа 17 пати и поразени се на 15.

Ова значи дека Барселона без Меси победува на 60% од натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома ги става сите карти на Фабрегас!

Поранешниот шпански фудбалер Сеск Фабрегас е водечки кандидат за тренер на Рома која по за…