Дома Македонски спорт Барди: Среќен сум за головите, но поважно беше да победиме

Барди: Среќен сум за головите, но поважно беше да победиме

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди во првиот натпревар во турското првенство постигна два гола во поразот од Анталијаспор со 2:5.

Барди за првпат за Трабзонспор заигра во квалификациите за Лигата на шампионите против Копенхаген, а вчера го одигра својот прв натпревар во турската Суперлига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 Во игра Барди влезе во 43. минута и во судиското продолжение од првиот гол, вториот беше за изедначување на 2:2 во 73. минута.

„Ова беше мој прв натпревар во Суперлигата и навистина сум среќен за настапот и головите, но поважно ќе беше да победиме, но не успеавме. Ова не беше резултат кој го очекувавме и кој го заслуживме“, изјави Барди после натпреварот.

Веќе во среда Барди го очекува важен реванш во квалификациите за ЛШ против Копенхаген во кој ќе бркаат пораз од 1:2 во првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…