На Френдс Арената во Стокхолм во петок ќе играат Шведска – Италија. Ако овој дуел се играше пред неколку години, Италија ќе беше апсолутен фаворит. Но сега фаворит на овој меч според нас нема, иако букмејкерите им ја препуштаат таа улога на италијанците. Сепак очекувањата се дека ќе следиме неизвесен двомеч кој веројатно ќе се реши во Италија.
Ибра не игра, а е во фокусот на вниманието
Можеби е разбирливо тоа што голем дел од фокусот пред овој натпревар беше на играч кој нема да игра за Шведска. “Никогаш нема да сакам Ибрахимовиќ да игра против мене, дури ни со 40 години и со скршена нога”, изјави оваа недела Даниеле де Роси. “Фактот дека Ибрахимовиќ веќе не игра за Шведска е предност за секој кој мора да се соочи со нив”.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Сепак токму Италија делумно е одговорна за репрезентативното пензионирање на еден од најдобрите напаѓачи. Имено тие ставија крај на надежите на Шведска на Еуро 2016 година по што Ибра се повлече од репрезентацијата. Сега според швеѓаните мечот Шведска – Италија доаѓа во вистинско време, бидејќи е време е за одмазда. Но, иако домаќините на овој меч немаат ните една звезда во тимот, нивниот талисман ќе биде селекторот Џен Андерсон. Андерсон нема вистински лидер во селекцијата, но затоа тимската игра и кохезијата во тимот се на високо ниво и тоа е предноста на оваа репрезентација. Шведска сега се солидна колективна сила и е мошне мотивирана да се пласира на Светско првенство прв пат по 2006 година, пишува сајтот Кладење.мк.
Форсберг е клучот на успехот на Шведска
Главната закана за домаќините е Маркус Берг, кој беше петти стрелец во квалификациите со 8 постигнати гола. Овој напаѓач игра одлично и во својот тим Ал Аин во ОАЕ и веќе докажа дека слабата лига во која настапува не е пречка за добри игри во дресот на Шведска. Старите и прекалени одлични скокачи Себ Ларсон и Андреас Гранквист се исто така …
ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА АНАЛИЗА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК