Дома Фудбал Балотели ќе игра во соседството!? Клуб од Балканот започна преговори

Балотели ќе игра во соседството!? Клуб од Балканот започна преговори

Своевремено еден од најдобрите европски напаѓачи, Марио Балотели, моментално е во потрага по нов клуб.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, поранешниот италијански репрезентативец преговара со екипата на ЦСКА од Софија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој клуб вложи многу пари во новата сезона, а сега сака да го доведе најгласното засилување.

Марио Балотели е слободен играч откако му истече договорот со турскиот суперлигаш Адана Демирспор.

Балотели има 34 години и има настапувано за 11 клубови од пет земји. Играше во Италија, Англија, Франција, Турција и Швајцарија.

За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 14 голови. Со „Аѕурите“ беше вицешампион на Европа во 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…