Дома Фудбал Италија Бака се наслади со отказот на Монтела (фото)

Бака се наслади со отказот на Монтела (фото)

Милан денес му врачи отаказ на тренерот Винченцо Монтела после серијата на лоши резултати!

Утре на пресконференција за нов тренер на „росонерите“ ќе биде назначен актуелниот тренер на младинците и легенда на клубот Џенаро Гатузо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поголем дел од фановите го „прославија“ отказот на Монтела, а меѓи нив и екс играчот на Милан, Карлос Бака.

Бака ова лето беше „пречкртан“ од страна на Монтела и испратен на позајмица во Виљареал. Колумбиецот не пропушти шанса да се наслади на отказот на „Авиончето“ и веднаш се огаси на Твитер.

„Можеби закаснато, но Бог не заборава“, напиша Бака и даде аплауз за отказот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трагедија: Фудбалер загина неколку дена пред да замине во МЛС, требаше да игра и за репрезентацијата

Талентираниот фудбалер Едер Смиќ Валенсија трагично го загуби животот на 16-годишна возрас…