Карлос Бака е на излезна врата од Милан, а италијанските медиуми пренесуваат дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Шпанија.
Иако се претпоставуваше дека ќе се врати во Севиља, клубот од Андалузија потврди дека сака да го врати Колумбиецот, но не може да најде заеднички јазик со Милан.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Денес „Скај Италија“ пренесува дека Виљареал започнал преговори со „росонерите“ и сака да го донесе Бака како замена за Солдадо.
Милан за неговата слобода бара 20 милиони евра, додека „жолтата подморница“ е спремна да плати помеѓу 15 и 18 милиони евра.
Двата клуба се во напредни преговори, па не е исклучено во наредните денови да постигнат конечен договор за трансфер на Колумбиецот.