Дома Трансфер зона Бака ги одби кинеските милиони, останува во Милан!

Бака ги одби кинеските милиони, останува во Милан!

Неодамна медиумите пренесоа дека напаѓачот на Милан Карлос Бака добил богата понуда од еден кинески клуб и дека би можел да го напушти „Сан Сиро“ во зимскот преоден рок.

Неговиот агент, Серхио Бариља потврди дека Колумбиецот добил богата понуда од Кина, но истата ја одбил бидејќи сака да остане во Милан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Јас разговарам со Карлос секој ден. Вчера беше многу среќен што му додесе победа на Милан со својот гол. Вистина е дека добивме огромна понуда од еден кинески клуб, но Карлос веднаш ја одби бидејќи сака да остане во Милан. Многу е среќен во Милано и сигурно ќе остане“, изјави агентот на Бака.

Покрај понудата од Кина агентот потврди дека добил и понуди од Премиер лигата, но дефинитивно ќе остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…