Тиму Бакајоко е на двегодишна позајмица од Челзи во Милан, но може да се врати во Премиер лигата ова лето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерот Стефано Пиоли не смета на него во новата сезона, па Милан му порача дека слободно може да си бара нов клуб.




Најсилен интерес за него покажува новиот премиерлигаш, Нотингем Форест, кој сака да го донесе на позајмица.




Милан се согласува да ја прекине позајмицата со Челзи, а и „сините“ исто така дадоа согласност Французинот да се пресели во Нотингем Форест.




Единствен проблем во моментов е неговата висока плата, но двете страни преговараат да најдат заеднички јазик.