Дома Трансфер зона Бакајоко оди на нова интересна позајмица?

Бакајоко оди на нова интересна позајмица?

Челзи влегол во преговори со турскиот Галатасарај околу потенцијална позајмица на Бакајоко до крајот на сезоната.

Бакајоко пред две години пристигна од Монако за 40 милиони евра, но не се наигра, а минатата сезона ја помина на поцајмица во Милан. По враќањето, Французинот беше на подготовки со Челзи за новата сезона и играше во некои пријателски натпревари, иако не се прослави.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, Бакајоко беше испоставен од екипата за два пријателски натпревари, па Лампард јасно покажа дека за него нема место во екипата и дека не смета на него. Челзи сака да пронајде решение за него и сега преговара со турскиот клуб за да го испрати на едногодишна позајмица.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…