Последните информации од Апенините говорат дека Интер и Баерн конечно постигнале договор за трансфер на Артуро Видал.
Видал и Баерн одлучија да се разделат, а Чилеанецот веќе има договор со Интер, но двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер поради финанискиот фер-плеј може да го донесе Видал само на позајмица со право на откуп, но проблем беше што договорот на играчот со Баерн истекува следното лето.
Двата клуба конечно најдоа формула за реализација на трансферот. Имено, Видал ќе го продолжи договорот со Баерн до 2020 година и веднаш ќе се пресели во Интер на едногодишна позајмица со право на откуп, пренесува „СпортИталија“.
Наводно двата клуба постигнале „џентлменски договор“, односно Интер ветил дека следното лето ќе го откупи Чилеанецот за 30 милиони евра.
Bayern have agreed to let Vidal go to Inter on loan with option to buy, according to SportItalia
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) July 30, 2018