Баерн Минхен покажува сериозен интерес за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пренесуваат германските медиуми.




Баерн пред неколку дена имаше средба со Жорге Мендеш, па иако се шпекулираше дека Баварците се заинтересирани за Роналдо, сепак тема на разговор бил токму Феликс.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Португалецот има проблем да се избори за место во стартниот тим кај Симеоне и сака да ја промени средината.




Атлетико наводно ја одбил првата понуда од 80 милиони евра плус Бенџамин Павард, но Баварците не се откажуваат.




Пред три години „јорганџиите“ платија 126 милиони евра за да го донесат од Бенфика, но Баерн сака да го договори трансферот за помалку од 100 милиони евра.