Баерн Минхен е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека баварскиот гигант веќе стапил во контакт со агентот на напаѓачот и нема да жали пари за да го доведе во Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Приоритет на Баерн следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи не доведоа замена за Левандовски.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 140 милиони евра.
Баерн е спремен да ги собори сите рекорди во Бундеслигата и за потписот на Осимен да понуди 120 милиони евра.
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во Серија А со 14 постигнати гола.