Искусниот холандски фудбалер, Арјен Робен најверојатно на крајот од оваа сезона ќе го напушти Баерн Минхен.
Робен во Баерн пристигна пред девет години од Реал Мадрид и во дресот на баварскиот клуб одигра речиси 200 натпревари и постигна 65 гола. Меѓутоа, во последно време се повеќе се пишува за тоа дека Холанѓанецот ќе го напушти Баерн и дека најверојатно ќе се врати во татковината.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, според пишувањето на германските медиуми тоа нема да биде проблем за Баварците кои на радарот веќе имаат замена за искусниот 34-годишен Робен. Наводно, германскиот клуб покажал интерес за играчот на Челзи, Кенеди кој во моментов е на позајмица во Њукасл.
Баварците веруваат дека овој 22-годишен фудбалер би бил идеална замена за Робен и дека за брзо време би се вклопил во германскиот тим. Исто така, интерес за Кенеди од претходно покажа и ПСЖ, но јасно дека на крајот ќе се прашува само Челзи кој се уште не му даде вистинска прилика на Кенеди да се докаже.