Баерн Минхен нема да го oткупи Жоао Кансело, како што стојат работите, а во Манчестер Сити ќе се обидат да му пронајдат клуб во текот на летото. Сепак, за Порутгалецот е појавува примамлива опција.
Но, Кансело е скапа инвестиција и се уште има висока цена, па не можат сите клубови да си го дозволат. Манчестер Сити од неговата продажба очекува да заработи 60-70 милиони евра, а Баерн нема намера да плати ниту приближна сума.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Кансело почна да прави проблеми веднаш штом беше сменет на клупата, исто како што беше случајот во Манчестер Сити, а сега таа ситуација се обидува да ја искористи Барселона.
Жоан Лапорта и Жорге Мендеш се во одлични односи и претседателот на Барса сака да го искористи тоа.
Наводно, Лапорта се обидува да ги убеди и Мендеш и Сити дека Кансело треба да дојде на позајмица во Барселона, бидејќи Каталонците во овој момент немаат пари да го купот.
Десен бек на Барселона и е една од позициите на кои има најмногу проблеми, таму играа Кунде и Араухо кои по природа се стопери.