Дома Трансфер зона Баерн испрати и четврта понуда за „бисерот“ на Челзи!

Баерн испрати и четврта понуда за „бисерот“ на Челзи!

Минхенски Баерн денес испрати нова, четврта по ред понуда за талентираниот фудбалер на Челзи, Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.

Баварците до сега имаа три неуспешни обиди да го ангажираат младиот Англичанец, бидејќи Челзи не сакаше да разгледува понуди пониски од 35 милиони фунти.


Баерн денес испрати нова понуда од 35 милиони фунти и ги задоволи барањата на „сините“, па трансферот е пред реализација.

18-годишниот фудбалер има уште 18 месеци од договорот и не сака да потпише нов, па Челзи ќе биде приморан да го продаде сега или на лето.

Баерн е упорен да го донесе Одој на „Алијанц Арена“, а англиските медиуми пренесуваат дека трансферот е пред реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…