Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.
„Билд“ ексклузивно ја објави листата на фудбалери кои ќе бидат ставени на трансфер листа, а меѓу нив е и францускиот репрезентативец Корентин Толисо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот играч за врска минатата сезона подолго време беше надвор од терените поради повреда на коленото, а оваа сезона има одиграно 10 меча во Бундеслигата и пет во Лигата на шампиони.
Толисо во последно време е во втор план кај тренерот на Баварците, па раководството се одлучи да го стави на трансфер листа.
Французинот пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн планира да ја врати приближно вложената сума.