Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.
Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Бастони, бидејќи верува дека Италијанецот ќе биде идеален партнер за Упамекано следната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
23-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа.
Сепак на Баварците ќе им биде тешко да го убедат Интер да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Бастони неодамна го продолжи договорот со „нероаѕурите“.