Дома Фудбал Баерн го промени изгледот на грбот. Дали ја забележувате разликата?

Баерн го промени изгледот на грбот. Дали ја забележувате разликата?

БАЕРН МИНХЕН објави дека ќе го промени изгледот на својот грб. Промената не е голема: наместо постоечките нијанси на црвена и сина, на грбот ќе се користи нешто посветло. Баерн соопшти дека тоа го прави за да ја подобри „дигиталната пристапност“.

Посветлите нијанси ќе им овозможат на луѓето со слаб вид или оштетен вид полесно да го читаат натписот „FC BAYERN MÜNCHEN“, кој е испишан со бели букви.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Со оваа измена се согласија и претставниците на навивачите. Баерн последен пат го промени својот грб во 2017 година, а новиот грб ќе биде уште посличен на оној од 2002 до 2017 година, кој исто така имаше светли нијанси на црвена и сина боја.

Баерн е основан во 1900 година и оттогаш неколку пати го менувал изгледот на грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дејвид Мојс ќе води нов клуб во Премиер лигата?

Кристал Палас не ја започна сезоната во Премиер лигата како што oчекуваше, а тоа многу брз…