Коман пред неколку дена и официјално стана нов фудбалер на Баерн Минхен, откако Баварците во целост го откупија неговиот договор од Јувентус за 21 милион евра.
Коман после само една година помината во Јувентус се пресели во Баерн на позајмица од 7 милиони, но германскиот клуб имаше опција да го откупи неговиот договор за додатни 21 милион евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Баварците и официјално го направија тоа, а сега имаат шанса да заработат голема сума доколку се одлучат да ја прифатат понудата од Манчестер Сити.
Имено, англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ испратиле понуда од 50 милиони евра и се одлучни во намерата да го донесат Французинот на „Етихад“.
Гвардиола исклучително ги цени квалитетите на Коман и тој го донесе во Минхен, па сега по секоја цена повторно го сака во својот тим.
Баерн најверојтно ќе ја прифати оваа „непристојна“ понуда бидејќи Коман не добива голема минутажа кај Анчелоти и има шанса да оствари голем профит.