Дома Топ вести Баерн веќе донесе две засилувања, но планира „земјотрес“ на трансфер пазарот!

Баерн веќе донесе две засилувања, но планира „земјотрес“ на трансфер пазарот!

Баерн Минхен освои уште една титула во Германија.

Сепак, и покрај титулата во Бундес лигата, титулите во ДФБ Купот и Лигата на Шампионите оваа сезона нема да пристигнат во Минхен. Токму поради тоа, управата на Баерн не е задоволна од оваа сезона, па веќе најави големи промени за следната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата од Минхен веќе во своите редови се засили со двајца фудбалери на Хофенхајм, па така следната сезона дресот на Баерн ќе го носат Никлас Суле и Себастијан Руди.

Меѓутоа, Баерн, како што стојат работите, ќе биде многу активен на летниот трансфер пазар. Германските медиуми најавија и доаѓање на уште неколку фудбалери за кого баварскиот гигант подготвил дури 100 милиони евра.

Извесно е дека средниот ред на Баерн ќе го засили Леон Горецка од Шалке, а многу лесно би можело да се приклучи и играчот на Арсенал, Алексис Санчез. Според инфорамациите кои доаѓаат од Германија, Чилеанеот веќе започнал преговори со шампионот на Германија и многу лесно би можел да го облече црвениот дрес ова лето.

Покрај него се споменува и Марко Верати. Но, овој фудбалер најави дека ќе остане во ПСЖ и многу е тешко да се верува дека може да се дојде до трансфер.

Уште еден играч кој е на листата на желби е Серз Гнабри од Вердер. Доколку Баварците ги донесат овие фудбалери, во следната сезона ќе гледаме еден друг, сосема изменет состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…