Во втората јапонска лига за викендот се случи навистина ретка ситуација која можеби и повеќе никогаш нема да биде повторена, а актери во истата беа македонските фудбалери, браќата Доријан и Давид Бабунски.
Имено, Давид и Доријан настапуваат во јапонската втора лига во тимовите на Омија и Мачида, а овие две екипи се сретнаа за викендот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Омија игра Давид, додека Доријан е член на Мачида. Двајцата не беа во стартниот тим на своите тимови, а во текот на натпреварот се случи несекојдневен момент. Тренерите на Мачида и Омија се одлучија во иста минута на теренот да ги испратат двајцата браќа.
Браќата Бабунски прво се прегрнаа па влегоа на теренот, а Давид своите импресии од оваа ситуација ги сподели на неговиот Твитер профил.
„Колкави се шансите да се случи вакво нешто? Некогаш фудбалот режира чуда! Благодарен сум што го доживеав еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Те сакам брате“, гласи објавата на Твитер профилот на Давид.
What are the odds of something like this to happen? Sometimes football produces miracles! I am profoundly grateful for having experienced one of the most beautiful moments in our careers. I love you, brother. @dorianbabunski pic.twitter.com/YwAND4KZdn
— David Babunski (@davidbabunski) April 22, 2019