Дома Трансфер зона „А Бола“: Реал Мадрид спрема изненадување!

„А Бола“: Реал Мадрид спрема изненадување!

Иако Бруно Фернандеш беше на чекор од Манчестер Јунајтед, трансферот не се реализираше. Се споменуваше потоа Манчестер Сити, но играчот на Спортинг Лисабон остана во клубот.

Сега како што пренесуваат португалските медиуми, поточно „А Бола“ него го следи Зинедин Зидан кој наводно има намера да го засили средниот ред.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Фернандеш е најефикасниот играч за врска во изминатата сезона и на 50 натпревари, постигна 31 гол и запиша 17 асистенции за клубот од Лисабон.

Португалците за неговите услуги бараат 70 милиони евра и таа сума Реал е спремен да ја плати. Прва мета на Реал беше Ериксен од Тотенхем, но Англичаните не сакаат да го пуштат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…