Дома Фудбал Англија Ањели: Англиската доминација го загрозува европскиот фудбал

Ањели: Англиската доминација го загрозува европскиот фудбал

Бившиот претседател на Јувентус, Андреа Ањели тврди дека прогресот на англиската Премиер лига е проблем за европскиот фудбал.

Ањели е една од водечките фигури во проектот на Суперлигата и уште еднаш истакна дека тоа му е неопходно на евопскиот фудбал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во моментов само Премиер лигата се развива и веќе е како Суперлига. Таму заработуваат по 4 милијарди евра годишно, во Шпанија само половина од тоа. Во Германија 1,5 милијарда, а во Холандија пак смао 100 милиони евра. Англиската доминација може да му наштети на европскиот фудбал во целина“, изјави Ањели.

Ањели, кој неодамна си замина од Јувентус потврди дека се уште работи за агенцијата која стои зад проектот на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголемиот талент на Барселона се пресели во ПСЖ

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта беше непријатно изненаден од заминувањето на најго…