Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани е на мета на голем број европски гиганти.
Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна 12 гола и 9 асистенции во Бундеслигата, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, бидејќи има искуство во Бундеслигата.
Притоа, интерес за Французнот покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Челзи.
Спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Крос истакна дека 80 милиони се мала сума за Муани, а „Билд“ прнесума дека клубот за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.