Ајакс на почетокот на сезоната ја воодушеви јавноста со својата трета гарнитура на дресови.
Изгледот на новиот дрес на Ајакс беше навистина фантастичен, а инспирација беше познатиот музичар Боб Марли. Навивачите беа воодушевени, меѓутоа Ајакс нема да може да игра со овој дрес во натпреварувањата на УЕФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Ајакс мораа да ги отстранат трите птици на задната страна од дресот. Имено, правилникот на УЕФА вели дека на дресовите исклучиво можат да се наоѓаат само логоата на спонзорите и клупскиот грб.
Во првото коло од ЛШ Ајакс ќе игра со Спортинг. Според најавите нивниот план беше да играат во третиот дрес, но прво ќе мора да направат одредени корекции.
Ajax have had to remove the ‘three little birds’ on their Bob Marley-inspired kit as it breaks UEFA regulations.
— ESPN FC (@ESPNFC) September 13, 2021
The ruling states there can be no other symbols on a shirt except sponsors and club logos. pic.twitter.com/clovEH45Au