Дома Трансфер зона Ачерби ќе мора да ја напушти Италија, Интер плаќа 50 милиони евра за замена од Баерн?

Ачерби ќе мора да ја напушти Италија, Интер плаќа 50 милиони евра за замена од Баерн?

Tимот Интер не е сигурен за иднината на Франческо Ачерби по неговиот расистички инцидент со Хуан Жесус од Наполи.

Истрагата се уште трае околу зборовите кои наводно Ачерби ги користел во комуникацијата со фудбалерот на Наполи, а доколку се утврди дека Италијанецот е виновен, Интер ќе го продаде на лето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во случај да замине, како многу важна фигура во системот на Симоне Инзаги, ќе треба да се најде адекватна замена. Последните информации од Италија седека Ачерби може да биде заменет со Мин-џае Ким, кој летово се пресели од Наполи во Баерн Минхен за 50.000.000 евра.

Нема да биде лесно да го доведе, но во случај новиот тренер на баварскиот клуб да одлучи дека Ким не му е потребен, Интер би можел да добие попуст од Баерн. Во исто време, кога ќе се додаде дека двата клуба се во многу добри односи, ситуацијата е уште поповолна за „нероаѕурите“.

Следна опција за Интер е Крис Смолинг, за кого веруваат дека е идеална опција за формација со тројца позади. Но, тоа ќе зависи од тоа како Смолинг ќе ја заврши сезоната со Рома со оглед на тоа дека се враќа од долга повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…