Макeдонската ракометна репрезентација вчера беше поразена од Холандија со 24:34, а по овојнатпревар се случил голем скандал.
Имено, според објави на македонски навивачи поранешниот македонски репрезентативец Ацо Јоноски кој сега е помошник во стручниот штаб на Лазаров тргнал да се пресмета со група македонски навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во објавата на еден од навивачите стои дека Јоноски сакал да се пресмета поради упатените свирежи.
„Веројатно патот од 1500 километри и патувања по 16 саати, спиење по неколку сати и безпоштедно навивање по локали, фанзони и на натпревари беа малку па на крај на упатените свирежи да добиеме возвратен одговор од Ацо Јоновски и повик за пресметка со навивачите.
Ацо,пријателе, не е лесно да си на “другата страна”. Ако не го поднесваш притисокот ауфидерзен бате.
Никој не е вечен на позицијата, само навивачите ќе останат до крај без оглед на се“, стои во Фејсбук објавата на навивачот“.
Реакција имаше и уште еден навивач.
„Ацо Јоноски наместо да повикува на тепачка надвор од салата, да дојде јавно да се извини на мене и на уште еден навивач за критиката што не ја прифати по завршување на мечот. Ако сака да се тепаме, ќе се тепаме – тоа е најлесно решение.
Очигледно најтешко во овие моменти е да дојдеш и да поразговараш со навивачите колку толку и да ги објасниш причините за поразот, па го избираш полесното решение.
Од мене имате бојкот и свртен грб против Аргентина. Не заслужувате никаква искрена поддршка со ваквиот пристап на игра и со однесувањето на поединци кои се дел од стручниот штаб“, објави во коментар на Фејсбук, навивачот кој имал конфронтација со членот на македонскиот стручен штаб.