Aнтоан Гризман ова лето пристигна од Барселона во Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра.
Французинот нешто претходно ова лето најави дека ќе го напушти Мадрид, а потоа се споменуваа неколку потенцијални дестинации, но тој на крајот ја избра Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од кога се реализираше трансферот на францускиот напаѓач Атлетико Мадрид испрати жалба. Имено, во Атлетико тврдат дека Барселона постигнала договор со Гризман неколку месеци претходно.
Проблемот е затоа што во моментот кога Атлетико тврди дека бил постигнат договор клазулата на Гризман изнесуваше 200 милиони евра, додека во јули таа падна на 120 милиони. Поради тоа во клубот од Мадрид сметаат дека Барса мора да им ги исплати и тие дополнителни 80 милиони евра.
Истрага за овој случај се отвори, а главниот истражител е Жуанто Ландабере. Кога тој ја предложил казната за Барселона во Атлетико сигурно биле бесни затоа што изгледа навистина смешно.
Тој предложил Каталонците да бидат казнети со еден натпревар без публика или верувале или не со – 300 евра!
Сумата од 300 евра изгледа навистина смешно во споредба со оние 80 милииони евра кои Атлетико смета дека треба да ги добие.