Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.
Имено, Симеоне сака да го засили средниот ред, а Амрабат е на врвот на листата желби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и постигнал договор со неговиот агент.
Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, особено на Барселона, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.
Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Атлетико е спремен да понуди 20 милиони евра.