Бразилскиот репрезентативец Лукас Моура ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид, тврдат француските медиуми.
Бразилецот, кој пристигна во Париз Сен Жермен за 40 милиони евра од Сао Паоло, тешко се изборува за место во составот на француските шампиони и сам посакал да ја промени средината.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Лукас одигра добра прва половина на сезоната и одлично се справува со упатствата на тренерот. Тој е комплетен фудбалер, но луѓето забораваат дека сѐ уште е млад“, изјави неговиот соиграч, Марко Верати.
Лукас има 24 години, а медиумите тврдат дека цената на неговиот трансфер ќе изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.