Дома Фудбал Атлетико нема победа против Барса во Мадрид од 2010 година!

Атлетико нема победа против Барса во Мадрид од 2010 година!

14-ти февруари 2010 година е последниот датум кога Атлетико Мадрид ја победил Барселона на домашен терен во Примера, открија медиумите во Шпанија.

И поктај фактот што „јорганџиите“ два пати ја елиминираа Барселона од Лигата на шампиони, тимот на Диего Симеоне во Примера тешко ги победува Каталонците.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последните осум меча во Примера завршија со два нерешени резултати и дури шест победи на Батселона.

Во февруари 2010 година Атлетико победи со 2:1 со головите на Диего Форлан и Симао. Минатата сезона „јорганџиите“ беа многу блиску до победата, но Суарез израмни пред последниот свиреж на судијата.

Атлетико ја пречекува Барселона во сабота на „Ванда Метрополитано“, а дербито ќе се одигра во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…