Дома Трансфер зона Атлетико на чекор од ново големо засилување

Атлетико на чекор од ново големо засилување

Репрезентативецот на Португалија, Жесон Мартинс ова лето сигурно ќе го напушти Спортинг Лисабон после сите контроверзни случувања во португалскиот клуб.

Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, како Арсенал и Ливерпул, но најверојатно Желсон Мартинс ќе заврши во Атлетико Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Неговиот агент, Улисес Сантош веќе пристигна во Мадрид на завршни преговори со „јорганџиите“, па наскоро би требало трансферот да биде комплетиран.

Мартин има 23-години, игра на позицијата крилен напаѓач и целата своја кариера ја помина во Спортинг Лисабон.

После сите контроверзни случувања во португалскиот клуб играчпт ќе го раскине договорот со Спортинг и без обештетување ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…