Атлетико Мадрид го договори трансферот на Николас Ибањес од мексиканскиот клуб Атлетико Сан Луис.
Ова го потврди и претседателот на мексиканскиот клуб, меѓутоа 24-годишниот Ибањес ќе остане во клубот како позајмен до јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зделката беше завршена пред 4-5 месеци. Меѓутоа, Ибањес остана за првенството Клаусура, ќе игра со нас уште неколку месеци, а потоа ќе се пресели во Мадрид“, изјави претседателот на Атлетико Сан Луис.
Ибањес оваа сезона постигна 22 гола на 50 натпревари и му помогна на тимот да се пласира во елитната лига во Мексико.