„Газета дело Спорт“ пренесува дека Атлетико Мадрид и Милан се силно заинтересирани за крилниот напаѓач на Наполи, Хосе Каљехон.
31-годишниот фудбалер има откупна клаузула од 23 милиони евра, што нема да претставува проблем за споменатите клбови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот во изминатите сезони се етаблираше како еден од најважните фудбалери на Наполи, но нема да биде изненадување ако посака да замине од „Сан Паоло“, особено после заминувањето на тренерот Маурицио Сари.
Каљехон е „дете“ на Реал Мадрид, па поради тоа ќе биде интересно да се види дали ќе прифати да заигра за големиот градски ривал.
Од друга стана Милан се уште ја чека одлуката на УЕФА, дали ќе учествува во Лига Европа, пред да започне со летните трансфери.