Дома Фудбал Атлетико Мадрид доживотно им забрани на девет навивачи да влезат на стадионот

Атлетико Мадрид доживотно им забрани на девет навивачи да влезат на стадионот

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид доживотно суспендираше девет навивачи поради расизам и недолично однесување, објавија „Колчонерос“.

Атлетико Мадрид ја заврши истрагата по инцидентите кои се случија на дербито против Реал Мадрид и на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


За време на дербито во Мадрид, голем број предмети и факели беа фрлени од долните трибини во јужниот дел на стадионот, додека во Лисабон дел од навивачите се однесуваа на расистички начин.

Процесот на идентификација на инволвираните траеше речиси еден месец, а клубот во соработка со полицијата го прегледа целиот аудиовизуелен материјал што беше на располагање.

Клубот успеа да идентификува девет лица кои добија доживотна забрана за присуство на натпреварите на Атлетико.

„Уште еднаш повторуваме дека силно го осудуваме секое изразување на насилство и нашата посветеност да се бориме против овој тип на став за кој нема место во фудбалот и го нарушува имиџот на Атлетико Мадрид“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена е листата на фаворити за Златната топка 2025 година, еве кој е на првото место

Goal.com веќе прави прогнози за следното доделување на Златната топка. Да потсетиме, Родри…