Дома Трансфер зона Атлетико и Реал склопуваат договор – Симеоне го собира „вишокот“ на Зидан?

Атлетико и Реал склопуваат договор – Симеоне го собира „вишокот“ на Зидан?

После трансферот на Тео Ернандез, градските ривали, Атлетико и Реал Мадрид би можеле повторно да соработуваат.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Атлетико Мадрид има намера да го доведе Маркос Љоренте кој не е во плановите на Зинедин Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Љоренте им 22 години и минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во редовите на Алавес каде што прикажа добри настапи и го привлече внимението на повеќе европски клубови.

Атлетико сега сака да го доведе, односно да се договори со Реал, а потоа Љоренте на „Висенте Калдерон“ да пристигне во јануари, кога ќе истече забраната за трансфери на „јорганџиите“.

На сличен начин Атлетико се обидуваше да го доведе Витоло од Севиља и да го испрати на позајмица во Лас Палмас до први јануари. Да потсетиме, претходно ова лето Тео Ернандез премина од Атлетико Мадрид во Реал Мадрид за сума од 26 милиони евра.

Покрај Атлетико, интерес за Љоренте покажа и Арсенал.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…